Пожар на глисер со српско знаме на Халкидики, повредени две лица
Од засега непознати причини, избил пожар на глисер со српско знаме на Халкидики во кој имало пет лица, а 37-годишна жена и 4-годишно девојче се задржани на лекување.
Според грчките медиуми станува збор за семејство од Србија, а повредените се мајка и ќерка, додека пак, грчката Крајбрежна служба, соопшти дека петте лица што биле на глисерот на плажа во областа Никити на вториот крак на Халкидики, навремено го напуштиле скокајќи во вода, јави дописничката на МИА од Атина
Сите биле пренесени во болницата на Халкидики каде што им била пружена прва помош, а подоцна три лица, меѓу кои една жена и две деца биле пренесени во солунска болница, каде што се задржани на лекување 4-годишното девојче и 37- годишната жена.
Од Крајбрежната служба на Грција соопштуваат дека се работи на расчистување на причините за пожарот, што бил изгасен од противпожарната служба, глисерот бил извлечен и отстранет од плажата, а од инцидентот не било забележано загадување на морето.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, пожарот избил по експлозија, мајката и децата успеале да го напуштат глисерот додека бил во пламен, а таткото го одвел до крајбрежјето.
Ново на Сител
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник
-
Иранскиот врховен лидер Хамнеи се закани со „разорен“ одговор на Израел и САД
-
МНР е во контакт со семејството за транспортирање на телото на загинатиот Македонец
-
Истражување: Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома
-
Дачиќ: Од 14 загинати, се уште не е утврден идентитетот на едно лице
-
Вработен пријавил физички напад од сопственик на фирма во Кавадарци
-
Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно
-
Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија