Пожар на броило во куќа во населба Раштански пат во Кичево
Вчера околу 14,25 часот избувнал пожар на броило во куќа лоцирана на улица „Партизански Одреди“ во населба Раштански пат во Кичево.
– По дојава дека на улица„ Партизански Одреди“ во населба Раштански пат, избувнал пожар на електрично борило во индивидуална станбена зграда, наша екипа со едно визло и четворица пожарникари се упати на местото на пожарот и по час и половина пожарот е целосно ликвидиран.Причините за пожарот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат а како можна причина секако е неисправната инсталација на објектот, истакна командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.
Тој потсети дека во месец март вработените на Територијаланата противпожарна единица во Кичево интеревенирале на дури 35 пожари, кои се појавиле на стрништа, оџаци, возила, електрични броила и друго.
– Бројот на интервенции во март годинава е натпросечно висок ,бидејќи од последните неколку години само во 2019 година сме имале повеќе интервенции од годинава дури 97, рече командирот Соколески.
Тој упати апел до жителите на општина Кичево да бидат многу повнимателни каде палат оган, бидејќи превентивата е најголемиот дел од успехот и придонесува бројот на пожари да биде многу помал.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
