-->
-->
Пожар кај Арбанашко, Старо Нагоричане изгореа сува трева, смрека и дабова шума
-->

Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вечра кај село Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од Регионалниот центар за управување со кризи.
-Гореше мешана шума во село Арбаншко, станува збор за плаинско село. Успеавме да го изгасиме по неколку часовна интервенција - изјави команирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.
Според информацијата вчера во 16:50 часот село Арбанашко горела сува трева, смрека, мешовита шума. Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила и седум пожарникари, во интервенцијата се вклучиле и припадници на МВР, од Полициската станица Старо Нагоричане. Интервенцијата траела до 20:40 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
