Македонија
13. February 2020 - 21:18

Пожар избувна во возило на скопјанец

Синоќа во 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Визбегово настанал пожар во патничко возило „форд ескорд“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 46-годишниот И.А.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.