-->
-->
Пожар избувна во автомобил во движење во Кичево
-->
Во ОВР-Кичево вчера во 14.25 часот е пријавен пожар на возило во движење, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, во непосредна близина на салонот на Телеком.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека од преземените мерки е утврдено дека се работи за патнички автомобил „фиат“, сопственост на автошкола од Кичево, управуван од Ј.С. (54) од Кичево.
Посочи дека на опожарениот автомобил најпрво интервенирал инструкторот со противпожарниот апарат кој го поседувал во возилото, а потоа на самото место интервенирало и возило на ТППЕ Кичево.
Нема повредени лица, а причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска