Македонија
27. November 2016 - 11:54

Пожар ги потресе жителите на Аеродром - Едно лице тешко повредено

Вчера во 20:45 часот во ЕИК-Скопје, С.М. пријавила дека на булевар„Јане Сандански“на приземјето настанал пожар во стан.

Од пожарот со изгореници на нозете се здобила Т.З. (72) и со возило на Брза помош била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од каде била пренесена во Ургентен центар - „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани изгореници од втор степен на долните екстремитети и била задржана на понатамошно лекување.

Во 22:30 часот, од екипата на Против пожарна во Скопје пожарот е изгаснат.

Станот бил целосно опожарен, а како причина за пожарот наведена е експлозија на мала плинска боца за варење кафе.

Увид ќе се изврши во текот на денешниот ден.