ОН повторно воведе санкции кон Иран по неуспехот на преговорите за нуклеарната програма
Санкциите на ОН врз Иран од синоќа повторно стапија во сила откако не успеаја разговорите меѓу Техеран и западните сили за нуклеарната програма на земјата.
Десет години санкциите беа укинати. Тие вклучуваат ембарго за оружје и економски ограничувања. И покрај одлуката, САД и европските земји нагласија дека дипломатскиот пат останува отворен.
Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика Иран да прифати „директни и добронамерни преговори“ и ги повика сите земји веднаш да воведат санкции за да извршат притисок врз Техеран.
Во заедничка изјава, министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија изјавија дека ќе продолжат да бараат „нова дипломатска формула што ќе осигури дека Иран никогаш нема да се здобие со нуклеарно оружје“. Тие го повикаа Техеран да се воздржи од ескалација на дејствијата.
Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран е единствената држава без нуклеарно оружје што збогатува ураниум до 60 отсто, ниво блиску до техничкиот праг од 90 отсто потребно за производство на нуклеарна бомба. Експертите велат дека Техеран има околу 440 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што би можело да овозможи производство на осум до десет нуклеарни боеви глави при дополнително збогатување. Сепак, Иран негира дека има воени амбиции и го нагласува своето право да развива нуклеарна енергија за мирни цели.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека САД побарале целиот нивни збогатен ураниум да биде предаден во замена за тримесечно продолжување на замрзнувањето на санкциите, услов што тој го опиша како „неприфатлив“
МИА
Ново на Сител
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот