Повторно војна во Нагорно-Карабах
Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека азербејџанските сили повторно започнале борбени дејствија во Нагорно-Карабах.
„ Азербејџанските сили на 12 декември ги обновија борбените дејствија во правец на населбите Стар Таглар и Хцеберд“ се наведува во соопштението.
Во него се додава и дека војската на Нагорно-Карабах, во врска со тоа, ги презела сите неопходни чекори.
Засега не е познато дали има настрадани во борбите. Исто така, по ова прашање засега не се огласила азербејџанската страна.
Инаку, овие две места во Нагорно-Карабах се енклави и единствено тие не се под контрола на азербејџанската војска.
Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија постигнаа примирје на 10 ноември и тогаш во целост беа прекинати борбените дејствија. Во согласност со мировниот договор, кој беше потпишан во Москва, покрај прекинот на огнот, договорена беше и размена на заробеници.
Ново на Сител
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи