-->
-->
Повторно во употреба тениското игралиште во с.Шишево
-->

Тениското игралиште „Мајка Тереза“ во село Шишево, општина Сарај изградено во 2011 година од Агенцијата за млади и спорт по извршените интервенции од страна на надлежните институции денеска повторно е достапно за граѓаните.
Санираното тениско игралиште од денеска ќе биде достапно за сите граѓани на Шишево и општина Сарај, а со игралиштето ќе менаџира Месната заедница.
На терен денеска беше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески кој упати апел до сите градоначалници во Р.Македонија каде што Агенцијата за млади и спорт има изградено спортски објекти, совесно и одговорно да стопанисуваат со спортските објекти, а тие се многу.
-Само во изминативе години преку АМС низ целата држава се изградени преку 60 спортски објекти, а во изминативе неколку години преку АМС и преку МОН се изградени и реконструирани повеќе од 200 спортски објекти низ целата држава, рече Спасески.
Спасески ги повика и граѓаните совесно и одговорно да се грижат за спортските објекти во текот на нивното функционирање и користење бидејќи само на тој начин ќе можеме овие спортски објекти кои што ги гради државата и Владата, а се од јавен интерес можат да бидат максимално искористени и да имаат подолг век на траење.
-Сакам да ја поздравам иницијативата на градоначалникот веднаш по нашата реакција и состанокот кој што го имавме пред неколку денови во општината Сарај, веднаш излегоа на терен технички екипи и го санираа игралиштето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
-

Четврти интернационален конгрес за студенти по медицина од 15-18 октомври
