Повторно висока бројка на заразени, границите на ЕУ затворени за македонските граѓани
Нови 126 случаи со Ковид-19 се регистрани во земјава во текот на изминатото деноноќие меѓу кои и новороденче и неговата мајка од Штип, како и четири болничарки и три медицински сестри од Прилепското гинеколошко-акушерско одделение. Поради зголемениот број на новозаразени во последните денови земјава не ги исполнува епидемиолошките критериуми на Европската Унија и нејзините граници остануваат затвоени за македонските државјани.
Согласно одлуките на ЕУ, и Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани на нејзината територија, па така иако од денеска ќе биде отворен граничниот премин Евзони дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти. Повторнио ревидирање на одлуката е најавено за 15 дена врз основа на епидемиолошката состојба.
Најмногу од новодијагностицираните со коронавирусот 66 се од Скопје, 19 од Тетово, 15 од Штип, шест од Куманово, четири од Кавадарци, по три од Прилеп и Ресен, по два заболени има во Струга, Велес, Гостивар и Пробиштип и по еден во Битола и Свети Николе.
Починати се четворица пациенти, по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, а Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти 43 од Скопје, три од Ресен и по еден од Штип и Битола.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.
Гостиварскиот градоначалник и претседател на Општинскиот кризен штаб Арбен Таравари очекува влошување на состојбата со пандемијата во земјава по изборите, а како причина за тоа го наведува непридржувањето на протоколите за заштита од ширење на коронавирусот за време на предизборната кампања.
– Мој впечаток, е и за жал можам да констатирам дека речиси никој не се придржува кон протоколите. Јас лично и во партијата каде што членувам ги почитуваме и го одржуваме пропишанотo растојание меѓу столчињата, меѓутоа повотрно има групирање на луѓе, а тоа е многу загрижувачко. Оваа појава не е присутна само во Гостивар, туку и секаде низ државата. Однесувањето за време на кампањата ќе ги даде резултатите за еден месец, оцени вчера Таравари.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите