Повторно солзавец во парламентот на Косово

Седницата на Собранието на Косово на која требаше да се разгледува Нацрт законот за буџет за 2016 година е прекината денеска откако опозицијата го блокираше парламентот со фрлање солзавец и прскајќи со бибер-спреј врз министри.
Во момент кога претседателот на парламентот Кадри Вејсели ја отвори седницата, пратеници од опозицијата се собраа на говорницата. Албин Курти, пратеник и поранешен лидер на Самоопределување употреби бибер-спреј кон обезбедувањето и министри од владата на Косово.

Истовремено некој од пратениците на опозицијата фрли и солзавец во собраниската сала. Седницата на парламентот беше веднаш прекината.
Тоа е четврти по ред инцидент во рок од 2,5 месеци откако опозицијата ја блокира работата на парламентот барајќи откажување од Договорот за заедници на српските општини како и демаркација на границата со Црна Гора.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
