Повторно се зголемува бројот на нови случаи на коронавирус во Кина, најмногу во последните шест недели
Кина денеска пријави најголем број нови случаи на коронавирус во последните речиси шест недели, обидувајќи се да го спречи вториот бран инфекции од Ковид-19, јави ДПА.
Кинеската здравствена комисија утринава информира за 108 нови случаи на инфекции од коорнавирус во однос на претходниот ден, вклучувајќи ги и 98-те случаи на вратени од странство.
Германската агенција наведува дека е ова највисоката бројка на новозаразени уште од 6 март, кога здравствените власти изброија 143 нови случаи.
Кина е фокусирана на напорите за превенција од втор бран на Ковид-19, особено меѓу Кинезите кои се враќаат од странство .
На 28 март беше забранет влез за странците во Кина. Сепак, државните медиуми јавуваат дека патниците кои ја преминуваат границата од Русија го шират коронавирусот во кинескиот пограничен град Суифене, во североисточната провинција Хајлонџијанг.
Во овој град во саботата беа потврдени околу 300 случаи на коронавирус, вклучувајќи ги и 100-те заразени лица кои не покажуваат никакви симптоми.
Од новите случаи што денеска се пријавени 10 се заразени со локална трансмисија, од кои седум се регистрирани во провинцијата Хајлонџијан и уште три во провицнијата Гуангонг.
Кина досега пријави 82.160 случаи на заразени со коорнавирус, 3.341 мртви и 77.663 излекувани пациенти, додаде ДПА.
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово