Повторно пукотница во колеџот „Тексас Садерн“, едно лице убиено
Едно лице е убиено, а уште едно е повредено во пукотницата во студентскиот град на универзитетот „Тексас Садерн“, во американската сојузна држава Тексас, информира денеска локалната полиција.
До пукотницата, како што јавува Танјуг, дошло околу 11,30 часот по локално време, во близина на стамбениот комплекс во кој живеат студентите, наведе полицијата и додаде дека осомничениот напаѓач е приведен.
Студентскиот град е блокиран, а предавањата што требало да се оддржат во текот на денот се откажани, пренесе медиумската куќа Ен-Би-Си.
Ова е веќе втора пукотница неделава во колеџот „Тексас Садерн“, откако во вторникот еден маж беше погоден во стомакот на крстосницата што минува низ кампусот. Тој се наоѓа во болница во тешка, но стабилна состојба.
Во меѓувреме, властите во Аризона соопштија дека осумнаестогодишниот бруцош Стивен Џонсн е напаѓачот кој денеска отвори оган во кампусот на Универзитетот Северна Аризона во Флагстаф и усмрти едно, а рани уште три лица.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност