Повторно протести во САД поради изборот на Доналд Трамп за претседател
Илјадници луѓе, од кои најголемиот број студенти, повторно протестираа во низа американски градови по изборот на Доналд Трамп за претседател.
Околу 300 лица организираа протест во Балтимор извикувајќи „Тоа не е мојот претседател!“ а на транспарентот пишуваше „Јас не сум ја избрал омразата за претседателска функција“.
Демонстрации имаше и во Чикаго, во Денвер и во Далас.
Во Сан Франциско протеститаа околу илјада млади луѓе, при што беше блокиран сообраќајот во финансискиот кварт.
- Доналд Трамп е расист. Тој ги напаѓа имигрантите и муслиманите, изјави демонстрантката Памела Кампос.
Во Лос Анџелес стотици студенти протестираа во кампусот на Калифорнискиот универзитет. Тие носеа транспатенти: „Љубовта ќе ја порази омразата“ и „Откажете се од Трамп“.
Околу 200 лица протестираа на Вашингтон сквер во Њујорк.
Ново на Сител
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!