Повторно поплава го потопи Стајковци
Жителите на Стајковци се повторно поплавени и на фејсбук групата „Хуманитарна помош за настраданите од поплавите" бараат помош. Граѓаните велат дека имаат потреба од волонтери кои би помогнале во исцрпувањето на водата од нивните гаражи и дворови. Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата „6" која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата.
– Дворот на мојата куќа е повторно поплавен и подрумите почнаа да се полнат. Инаку улица „6" која се наоѓа веднаш до обиколницата е повторно поплавена, а луѓето се во паника. Подрумите и гаражите им се полнат со вода, сите стравуваат водата не им влезе и во домовите. Бараме помош од волонтери кои ќе ни помогнат во исцрпување на водата – напиша Марјан Алек Стевковски.
Од Центарот за управување со кризи велат дека на нивните телефони никој не пријавил дека е поплавен и дека му треба помош.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза