Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
Шпанскиот фудбалски првак Барселона објави денеска дека враќањето на стадионот „Камп Ноу“ нема да се случи на почетокот на август како што беше претходно најавено.
Ова е ново одложување на враќањето на Барселона во својот дом, бидејќи по реновирањето, сè уште не се исполнети сите услови за враќање на играчите на „Камп Ноу“.
Барселона официјално не објави нов датум за враќање на својот легендарен стадион, но тоа би можело да се случи во четвртото коло од новата сезона во шпанската Ла Лига кога каталонскиот клуб е домаќин на Валенсија на 13 или 14 октомври.
Во првите три кола од новата сезона Барселона ќе игра на гостински терен против Мајорка, Леванте и Рајо Ваљекано.
Капацитетот на стадионот на самиот почеток на враќањето ќе биде ограничен на околу 60.000 седишта, сè додека работите не бидат целосно завршени следното лето, кога капацитетот ќе ги достигне планираните 105.000 седишта.
Вкупната вредност на овој проект за реновирање на „Камп Ноу“ е околу 1,5 милијарда евра.
МИА
Ново на Сител
-
Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
-
74-годишник измамен за 14.000 евра со лажна сообраќајна несреќа
-
МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на PM₁₀ честичките
-
Пад на продажбата на станови, најмногу продадени во Аеродром најскапи во Центар
-
Приведен возач во Битола, управувал возило со 104 км на час на место каде што е дозволено 50
-
Царинска управа: На ГП Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари
-
Приведени тројца малолетници, одзеле пари од угостителски објект на подрачјето на Центар
-
Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа