Повторно ќе се затвори популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос
Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА.
Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП констатирал голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија, по што бил одржан состанок на надлежните министерства и одлучено ситуацијата да се следи и да се оценува два пати годишно.
Министерот за туризам на Грција Василис Кикилијас, како што пренесува АНА-МПА, рекол дека „безбедноста на жителите и посетителите е над сѐ“, а одлуката била донесена врз основа на научните податоци и поради големата посетеност на плажата време на туристичката сезона.
И на почетокот на септември минатата година со одлука на Координативното тело за цивилна заштита на периферијата на Закинтос бил забранет пристапот до „Навагио“ од безбедносни причини.
Ново на Сител
-
Намалена казната на Шкендија за исвиркување на жртвите од Кочани, титулата ќе ја прослават со навивачи
-
Кривична пријава за Фрчковски, осомничен за незаконско користење на државни средства
-
Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии