-->
-->
Повторно инциденти на грчко - турската граница
-->
Група бегалци и мигранти, собрани на турската страна од, веќе затворената, граница со Грција, со разни предмети ја нападнала грчката полиција во обид нелегално да влезат во земјата, објавија медиумите кај јужниот сосед, кои говорат за солзавец фрлен од турската кон грчката страна, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите во медиуми, инцидентите почнале кусо пред девет часот утрово, а грчката полиција на солзавецот од турска страна, одговорила исто така со солзавец.
Во текот на вчерашниот ден, ситуацијата на грчко – турската граница беше релативно мирна, веројатно поради посетата на премиерот на Грција заедно со првите луѓе на европските институции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево
-
Предизборен карван на СДСМ во Тетово
-
Тема на денот со Дарко Костовски, кандидат за градоналачник на Бутел(ВМРО-ДПМНЕ)
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски повика на обединување на општеството, борба против криминалот и судство еднакво за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски