Повторно активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување, активни 15 пожари
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава соопшти дека денеска повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош во воздухоплови.
Тој информира дека денеска имало повеќе од 30 пожари на отворено, од нив 15 се уште активни. Потенцира дека топлото време и ветрот прават проблеми во воспоставување контрола на пожарите.
За жал, постојано се појавуваат нови и нови пожари. Топлото време и ветрот прават особени проблеми во воспоставување контрола на пожарите, вели Ангелов.
Тојупати апел до сите граѓани кои живеат во полунапуштени села итно да се евакуираат доколку слушнат дека во нивна близина има активен пожар. Потенцира граѓаните да не чекаат огнот да дојде до селото, освен ако не е организирана одбрана на селото од страна на локалните власти.
- Да не чекаат до последен момент и да не се изложуваат на непотребен ризик по нивниот живот. Нови куќи ќе се направат, но животот на луѓето не може да се врати, апелира Ангелов.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово