Повредените во „Пулс“ реагираат поради најавено заминување на докторка од Општата болница - Кочани

Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата болница со проширена дејност што ќе влијае врз анатмошниот нивен третман и лекување.
- Чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега. Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни, докторката Катерина Паниќ, позната како докторка Кате, која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од ЈЗУ Општата болница – Кочани. Таа заминува во друга болница, иако никој нема да може да ја замени, и ние сè уште немаме информации кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување, се истакнува во дописот од повредените.
Лицата кои се лекуваат во болницата во Кочани посочуваат дека се во страв и неизвесност и дека чувствуваат општа напуштеност од страна на државата во поглед на нивната нега.

- Вистината е – не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. Веќе се прашуваме дали пак ќе останеме сами? Повеќе не веруваме и сакаме да знаете дека не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка. Докторката Кате не беше само лекар, таа беше наша надеж, сила и стабилност. Начинот на кој ни пристапуваше со човечност, посветеност и разбирање не може да се замени. Во неа стекнавме длабока доверба – доверба што не доаѓа лесно кога се поминува низ период на траума и неизвесност, додаваат повредените.
Од Општата болница во Кочани информираа дека уште на почетокот од оваа година, уште пред да се случи трагичниот пожар во „Пулс“, докторката Катерина Паниќ Мирчовска поднела лично барање до Општата болница во Кочани за прекин на работниот однос, поради ангажман во градската болница „8 Септември“ во Скопје.
Одлуката за прераспределување ја потпишал претходниот министер за здравство Арбен Таравари, но неговиот заменик Јовица Андовски ја запрел нејзината важност, со што докторката ќе остане во Кочани сѐ додека пациентите имаат потреба од нејзината здравствена нега.
Ново на Сител
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
