Повредените во автобуската несреќа ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот останува во притвор
Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија на автопатот Тракија, денеска со две екипи на Центарот за итна медицинска помош од Стара Загора ќе бидат пренесени до граничниот премин Калотина. Тоа го соопшти бугарското Министерство за здравство.
Пациентите кои ќе бидат транспортирани се во подобрена општа состојба. Организирано е тие да бидат преземени од српски медицински тимови по преминувањето на границата.
Во болницата во Стара Загорје останува еден возрасен, а се очекува за неколку дена да биде префрлен во Србија.
Во притвор останува возачот на автобусот што излета од патот.
Против него е поднесена кривична пријава за прекршување на правилата на патниот сообраќај и ненамерно предизвикување сообраќајна незгода додека возел автобус на 14 август на автопатот Тракија во околината на Стара Загора. Со ова возачот нанел телесна повреда на 12 деца на возраст од шест до 16 години и на 40-годишен маж, како и тешка телесна повреда на 42-годишен маж, соопштија од судот во Стара Загора.
Ново на Сител
-
Руски напад во Запорожје: Убиена брачна двојка во село Омелник
-
28-годишник од Штип со закани по живот од едно лице во рок од една година изнудил 356.000 денари
-
Пожар зафатил лозје и градина со овошни и градинарски култури во кавадаречко
-
Гувернерот Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните
-
Ѓорѓиевски: Напредува процесот на трасформација на работниот однос на вработените во училиштата
-
Заем од 15 милиони евра за унапредување на основното образование, поддршка од Комисијата за финансирање и буџет
-
Повеќе од 19 илјади сообраќајни прекршоци во август
-
Мицкоски: Среќен почеток на новата учебна година, Владата продолжува да инвестира во квалитетно образование