Повредени пет лица во Скопје

Пет лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 42 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, двајца возачи не ги почитувале правилата за престигнување, седум возачи почетници сториле прекршоци по разни основи, како и 17 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 52 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 76 возила.
Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во четврто одделение во ООУ „Гоце Делчев, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
