Македонија
2. January 2022 - 12:32

Повредени неколку млади лица откако со возило излетале од коловозот

Вчера во 21.10 часот на магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево, патничко  возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Гостивар излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Б.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничките А.Ј. и Ј.Ј., констатирани  во Ургентен центар Гостивар.

Увид извршила екипа од полициска станица Гостивар.