Повредени две лица во сообраќајка во Куманово
Сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случи попладнево во Куманово, соопшти полицијата. Од СВР Куманово најавија детали за несреќата по завршување на увидот. Од Итната помош во Куманово информираат дека интервенирале на локација кај булеварот „Трета македонска ударна бригада“, при што едно лице е повредено и пратено на хирургија, а второ лице е пратено на преглед, исто така на хирургија.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на денешната прес-конференција посочи дека на таа локација постојано се сервисираат семафорите поради сообраќајни несреќи. Димитриевски посочи дека спроведена е јавна набавка и избрана е фирма за одржување на вертикалната сигнализација.
- Семафорите во континуитет се сервисираат, но се оштетуваат од лица кои предизвикуваат сообраќајни несреќи, а во многу случаи во состојба на алкохолизираност. Во последната сообраќајна несреќа беше уништен дел од таквата сообраќајна инфраструктура, но и главниот систем за функционалност. Искрено, жалам за сообраќајката, но кога се работи за светлечка сигнализација одлучува МВР, не е во наша надлежност, изјави Димитриевски.
Тој апелираше возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, сообраќајните знаци, првенството на минување....
Димитриевски, како што рече, повеќе се залага за изградба на кружни текови кои, иако го успоруваат сообраќајот, се побезбедни за сите учесници.
Општина Куманово преку јавна набавка на 5 јуни годинава избра компанија од Скопје која за скоро милион денари ќе ги сервисира семафорите.
Ново на Сител
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“