-->
-->
Повредени двајца рудари во Пробиштип
-->
Двајца рудари се повредени додека биле на своите работните места во рудник во Пробиштип.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение информира дека синоќа во 20.10 и во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош биле донесени 54 годишниот Б.П. од Пробиштип и 49 годишниот О.В. од село Ратавица, пробиштипско, кои се повредиле за време на работа во рудник во Пробиштип.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека само еден од рударите е хоспитализиран синоќа во Клиничка болница-Штип, направени се прегледи од страна на ортопед и хирург, по што рударот бил пуштен на домашно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина