Повредени двајца работници во Гостивар
Во два одделени случаи, двајца работници се задобиле со тешки повреди откако паднале од скали додека работеле на објекти во гостиварско.
Гостиварецот Н.А. (25) вчера, во село Беловиште, Гостиварско, при работа на куќа сопственост на Џ.Д., се лизнал од скалата на која стоел и паднал на бетонската подлога во висина од четири метри. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во вториот случај, при монтажа на клима уред во сервис на улица „Илинденска“ во Гостивар паднал од скала и тешко повредил Д.К.(36). Во гостиварската болница му е констатирана фрактура на една рака.
Во двата случаја е извршен увид во присуство на државен инспектор по труд. Се преземаат мерки за расчистување на околностите под кои се случиле несреќите. Од почетокот на октомври, во гостиварскиот регион регистрирани се вкупно четири повреди при работа.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица