Повредени двајца македонски ученици во реонот зафатен со земјотрес во Турција
Повредени се двајца македонски ученици во земјотресот во Турција. Едниот ученик има скршеница, а другиот полесни повреди, информира Министерството за надворешни работи.
Во југоисточна Турција каде утринава беше регистриран силен земјотрес се наоѓаат вкупно девет македонски државјани, осум ученици и нивниот ментор кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција и не се во животна опасност,
- Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање - додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност, соопшти МНР.
Оттаму посочуваат дека досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција.
- Нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции. Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, стои во информацијата од МНР.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
