-->
-->
Повредени двајца ловџии во одделни инциденти на лов
-->

Ловот станува многу популарен во Македонија, но и нестручното ракување со ловечки пушки. Вчера на две различни локации се повредија двајца ловџии.
Вчера околу 16,00 часот на планинскиот дел над с.Боиште-демир хисарско, М.Д.(35) носејќи ловџиска пушка која ја поседувал дозвола испукал еден патрон при што го погодил во пределот на грбот В.А. (21). Истиот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош пренесен во болницата во Битола, а поради сериозноста на повредите истиот е препратен во Ургентниот Центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчераутро околу 08.30 часот на планината Китка во близина на с.Алдинци, при лов, со огнено оружје-ловечка пушка која ја поседувал со дозвола се самоповредил Д.Б.(62) по што истиот бил пренесен во ГОБ„Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана тешка телесна повреда во пределот на прстот-показалец на десна рака.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
