Повредени 33 мигранти, се превртело комбето во кое се превезувале

Според првичните информации, возачот, 24-годишен велешанец, ги превезувал мигрантите во комбе марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на лице од Арачиново. Движејќи се на автопат од Гевгелија во правец кон Скопје, возачот забележал дека е следен од полициски службеници. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во провалија со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди, се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци.
Возачот, како што наведуваат во соопштението, кој откако скокнал од возилото паднал во провалија се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е пренесен на скопските клиники.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во континуитет ги презема потребните дејствија за целосно расчистување на настанот.
Јавен обвинител и екипа на МВР вршат увид на местото на несреќата.
Хирурогот Дано Кулев од кавадаречката болница за МИА потврди дека во болницата се донесени девет лица.
-Осум мигранти се во кавадаречката болница со скршеници набиеници и други повреди од кои двајца се потешко повредени, потврдува хирург од хируршко одделение доктор Дано Кулев
Ново на Сител
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер