Балкан
3. March 2017 - 9:11

Повредената министерка префрлена во Белград, чека операција

Српската министерката Славица Ѓукиќ Дејановиќ вчера доживеала дури две сообраќјаки, пред и по митингот на Александар Вучиќ во Врање, и имала многу среќа што не настрадала.

Поминала со скршено рамо и клучна коска, но и потрес на мозок, поради што не се сеќава на несреќата, а не е животно загрозена.

Префрлена е утрово во 7.30 од Клиничкиот центар во Ниш на Институтот за ортопедско - хируршки болести „Бањица“ каде чека на операција, а нејзината состојба е стабилна.

Сударот во кој е повредена министерката без ресор Славица Ѓукиќ Дејановиќ се случи во четвртокот вечер околу 19.45 часот на километар од Предејане во Грделичка клисура во правец на Лесковац, потврди полицијата од Врање.

Според зборовите на портпаролот на полицијата од врање увидот е во тек, а возачот и совозачот од аудите со белградски регистарски таблички помош им е укажана во здрвствениот дом во Лесковац.