Повреден професионален војник во прилепската касарна
Професионален војник на АРМ, на 27-годишна возраст се здобил со прострелна рана од личното вооружување (автоматска пушка) со кое вршел должност вчера во текот на вечерните часови, за време на редовно извршување на стражарска служба во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Од засега неутврдени причини, соопшти денеска Министерството за одбрана, професионалниот војник при вршење на должност на стражарско место во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, се здобил со прострелна рана од огнено оружје во пределот на стомакот. Професионалните војници кои биле на должност, веднаш му пружиле прва помош, а за кратко време војникот бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде било констатирано дека кај него има влезно-излезна прострелна рана во пределот на стомакот. Војникот синоќа е пренесен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му е извршена хируршка интервенција и е во стабилна здравствена состојба.
За случајот, се наведува во соопштението, се известени надлежните судски органи, органите на МВР и дежурната служба на Воена полиција, кои се излезени на лице место за да ги утврдат причините поради кои дошло до истрелување на куршум од личното вооружување и повреда на војникот.
Врз основа на првичните сознанија, пред извршување на должноста, согласно Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе во АРМ, навремено и целосно е извршена подготовка на комплетниот состав на лицата кои извршуваат стражарска служба во гарнизонот Прилеп, при што е утврдено дека професионалниот војник кој се повреди, бил во добра здравствена и психофизичка состојба
Ново на Сител
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ