Македонија
7. January 2020 - 14:05

Повреден пешак во Тетово

Вчера во 16.40 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „ланчија“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од с.Глоѓи, тетовско, удрило во пешакот Љ.К.(57) од Тетово.

Во незгодата Љ.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.