-->
-->
Повреден пешак од тетовско Слатино
-->

Педесет и четири годишен пешак од тетовското село Слатино здобил телесни повреди откако вчера наутро во него удрило патничко возило „Рено 4“, управувано од 54-годишен жител од Милетино.
Според Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, несреќата се случила околу 6:30 часот на крстосницата меѓу регионалните патишта Тетово - Јажинце и Лешок-Желино.
Пешакот со истото возило бил пренесен во тетовската клиничка болница и е задржан на лекување. Увид на местото е извршен, се утврдуваат причината и околностите во кои се случила незгодата.
Во декември лани на пошироките тетовски простори се случиле 62 сообраќајни несреќи или 10 помалку во споредба со истиот период 2015-та. Во две несреќи две лица го загубиле животот, а декември 2015 имало една човечка жртва. Четири несреќи завршиле со тешки телесни повреди, 21 со лесни и 35 само со материјална штета од над четири милиони денари или скоро милион повеќе.
Најголемиот број од несреќите се случиле на тетовските улици, во вторник, во периодот меѓу 14 и 16 часот.
Во овој период, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно исконтролирале 4.287 возила при што биле откриени 1.557 различни видови прекршоци. Законски се санкционирани 557 прекршочни, 563 мандатни платни налози и 416 писмени опомени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Силекс во Белорусија, Шкендија Тетово во Гибралтар на стартот од квалификациите од Конференциската лига
-

Папата Лав XIV го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на војната на Блискиот Исток
-

Меси: Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, па и повеќе од тоа
-

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија
-

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
-

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје
