„Повратникот“ пред скопската публика, ФХ3Х дел од ефектите

„Повратникот“, најновиот филм на Алехандро Инариту, кој доби дури 12 номинации за Оскар, и на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија ФХ3Х, вечер премиерно ќе биде прикажан во Скопје.
Филмот веќе ги освои највисоките награди на Златните глобуси и тоа во категориите за најдобар филм, најдобра режија и за најдобра машка главна улога. Според филмската критика, тоа навестува сличен успех и за Оскарите, меѓу кои повторно за најдобар филм, најдобра режија, машка главна улога, како и за најдобри визуелни ефекти.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х, изјави дека Оскарот е највисоката награда и највисокото признание за квалитет во индустријата за продукција на визуелни ефекти.
- Наша најдобра препорака е кога последниот проект на кој сме работеле е од врвен квалитет, а признание за тој квалитет се наградите, номинациите за Оскар и самиот Оскар. На овој филм работеше тим од 60 артисти на околу 50-тина кадри во периодот од мај до јули 2015 година, изјави Даниловски.
Имајќи ги предвид претходните остварувања на Инариту, и досега објавените критики за филмот, според Даниловски, не очекува мрачна, тешка драма, во која ќе се разгледува прашањето „кој е дивјакот во дивината“.
Филмот е базиран врз романот „Повратникот: новела за одмаздата“ на Мајкл Панке од 2002 година, кој бил инспириран од вистинскиот Хју Глас.
Во 1823 година, Глас потпишал со компанијата за крзно Роки Маунтин за експедиција по горниот тек на реката Мисури која повеќепати го довела во животна опасност од Арикара индијанците, безмилосните гризли мечки во дивината и пријателите кои ветиле дека ќе го заштитуваат.
Проекцијата на филмот е во киното „Синеплекс“ во 20 часот.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
