Повратникот Дејвис назначен за нов тренер на РК Вардар
По пауза од повеќе од три години, шпанскиот стратег Давид Дејвис Камара се врати во редовите на Вардар 1961 за да го предводи во пролетниот дел од сезоната македонскиот ракометен првак во одбрана на домашната титула и настапите во Лигата на шампиони.
– Дејвис ќе остане во Вардар до крајот на сезонава по што управата и тренерот ќе разговараат за продолжување на соработката, соопшти денеска актуелниот македонски шампиони. Четириесетипетгодишниот Дејвис во периодот од 2014 до 2018 година беше дел од Вардар и заедно со Раул Гонзалес на клупата ја освоија првата европска шампионска титула за „црвено – црните“. Работеше и како дел од женскиот тим на Вардар, по што беше помошник во репрезентацијата на Русија, селектор на Египет, а последниот ангажман му беше како тренер на Веспрем.
– Задоволен сум што брзо го решивме прашањето на тренер. Имавме многу понудени опции и повеќе познати тренери и им благодарам на сите кои изразија желба да бидат дел од Вардар. Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера, бидејќи зборува и македонски и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати. Покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар. Со ангажирањето на Дејвис нашите цели за сезонава остануваат исти, изјави претседателот на Вардар 1961 Михајло Михајловски. Вардар 1961 подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги почне на 10 јануари, а веќе во февруари „црвено – црните“ ги продолжуваат натпреварите во домашното првенство и Лигата на шампионите, како и дуелите од СЕХА лигата.
Ново на Сител
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога
-
ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен
-
Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста
-
Сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, на ГП Табановце за излез се чека околу 10-15 минути
-
Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори