Повозрасна Американка најдена со полесни повреди во камион за ѓубре | ВИДЕО

Жена од американската сојузна држава Њу Хемпшир завршила во контејнер, а потоа и во камионот за ѓубре, но за чудо, го преживеала целиот тој ужас само со полесни повреди.
Повозрасната Американка, чиј идентитет не се соопштува, им кажала на истражителите дека паднала во големата канта додека си го фрлала отпадот, а потоа завршила и во камионот. Возачот ја забележал несреќната жена на камерата, но дури откако по четврти пат го префрлил товарот. Потоа се јавил во Службата за итни повици.
Шефот на противпожарната служба, Боб Боде истакна дека „никогаш немал ваков случај“ за 32 години - колку што работи.
- Не мислите дека е можно, но времињата се тешки и луѓето прават секакви работи. Ова ќе остане запаметено, изјави Боде.
Меѓутоа, возачот рекол дека „не му се случува ова првпат“. Жената е пренесена в болница и ѝ е укажана лекарска помош. Се очекува да биде добро. Засега не е јасно колку време таа минала во контејнерот и во камионот.
Ново на Сител
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
