Бизнис
14. April 2016 - 21:32

Поволностите од Купи куќа за млади претставени во Гостивар

Граѓаните имаа можност да се информираат околу условите и начинот на аплицирање за двата модела за добивање на неповратнис редства за купување, изградба или доградба на куќа. Пред присутните беше објаснет и пример колкава е придобивката за моделот субвенција на рата и за субвенција на учество. 
 
Граѓаните кои беа додејни да се информираат сметаат дека проектот е добра можност да им се помогне да го решат станбеното прашање. 
 
Основните услови што треба да ги исполнува едно лице за проектот Купи куќа за млади се возраст до 35 години и да нема имот на свое име. На презентацијата граѓаните добија информации и за проектот Купи куќа купи стан.