Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО

Поголемиот дел од германските граѓани се загрижени поради можен руски напад врз земја членка на НАТО, покажува анкета на институтот Инса, објавена денеска од весникот „Билд“.
Според резултатите, 62 отсто од анкетираните изразиле страв од напад врз земји како Полска или Литванија, додека 28 отсто не споделуваат таква загриженост, а 10 отсто не дале конкретен одговор.
Анкетата следи по нападот на Русија врз Украина оваа недела, при што повеќе дронови влегоа во полскиот воздушен простор, што значи и во воздушниот простор на НАТО. Полските воздухопловни сили, со поддршка од други сили на Алијансата, по првпат соборија неколку дронови.
Воени извори сметаат дека не е веројатно навлегувањето на дроновите да било случајно. Сѐ уште не е јасно дали тие биле програмирани за напади на цели во НАТО-земји или се работи за провокација, односно тест на одбраната на Алијансата.
Анкетата покажа и дека мнозинството Германци поддржуваат построги економски мерки против Русија. Така, 49 отсто одговориле дека веднаш треба да се прекинат сите испораки на руски гас и нафта за Европската Унија, додека 33 отсто сметаат дека треба да продолжат, 11 отсто не биле сигурни, а 7 отсто рекле дека тоа не е важно.
Дополнително, 51 отсто од анкетираните се изјасниле дека замрзнатите руски средства во ЕУ треба да се користат за поддршка на Украина, 29 отсто биле против, а 20 отсто не дале одговор или немале мислење.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
