Повеќе скопски улици во општините Бутел и Гази Баба денеска ќе останат без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето.
Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и корисниците на Бутелска – од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14, на подрачјето на општина Бутел.
Исто така, денеска, поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05:00 часот па до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, жителите од населбата Методија Андонов – Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците на ул. 808 и бул. Киро Глигоров, на територија на општина Гази Баба.
Намален притисок во водоснабдувањето, како што информира ЈП Водовод и канализација, ќе имаат и корисниците од населбата Автокоманда – ниска зона, како и од населбите Триангла и Хиподром, како и корисниците на ул. Перо Наков во близина на Кванташкиот пазар.
МИА
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци
-

Повреден возач во сообраќајна несреќа во Куманово
-

Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците
-

Акциска контрола во Кичево, музичари од БиХ настапувале во угостителски објект без соодветна дозвола
-

И Вишиот управен суд потврди дека тужбата на Левица против АВМУ е неоснована
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември
-

Снежна бура во САД: Откажани речиси 500 летови, верижен судир помеѓу 45 возила во Индијана
