Македонија
3. March 2017 - 12:28

Повеќе скопски населби и села в понеделник без струја

В понеделник од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Пелагонија“, „Злетовска“, „Брсјачка буна“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари. 

Во периодот од 8:30 до 9 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Кондово, Кучково, Грачани и местото викано Веле Поле, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата „Петар Поп Арсов“, кај Католичката црква и од улицата „Роза Луксембург“. 

Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Гумалево, Дејковец, Добрино, Тисовица и Градовци во општина Зелениково. 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во системот.