Повеќе скопски населби и села утре без струја
Од 9 до 15 часот утре без електрична енергија ќе останат Етно село, жичарата Водно, Милениумскиот крст, корисниците од Горно Нерези, Долна Арнакија, маркетот „Рептил“, како и жителите од улиците „Востаничка“, „Христо Узунов“, „Банско“ и „Ениџе Вардарско“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Тодор Чангов“ над број 113 и улиците „50“ и „52“ во општина Аеродром, а од 9:30 до 12:30 часот дел од корисниците од улицата „2“ во село Бардовци, општина Карпош.
Без струја од 16:30 до 18:30 часот утре ќе бидат корисниците од улицата „Македонија“ бр.16 во општина Карпош, а од 9:30 до 11:30 часот корисниците на улиците „25“, „27“, „29“, „100“ и „101“ во село Волково.
Во периодот од 9 до 12 часот без снабдување со струја ќе останат дел од корисниците од улиците „Црниче“ и „Славејко Арсов“ во општина Центар, а од 13 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Благој Мучето“, „Тодор Чангов“ под улици бр.3, 5 ,7, како и дел од улицата „Тодор Чангов“ во општина Аеродром.
Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Сава Ковачевиќ“, „14“, „15“, „2“, „4“ и „6“, како и дел од населбата Припор во општина Кисела Вода, а од 8 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Арачиново, Орланци и Мојанци во општина Арачиново.
Корисниците од улиците „Виа Игнација“ згради бр.6 и 8, „Мице Козар“ и „Социјалистичка зора“ зграда бр.6 утре ќе бидат без струја од 12 до 15 часот.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прените се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните