Повеќе патници во патниот и авиосообраќајот, помалку во железничкиот
Во последниот квартал од 2017 година бројот на превезени патници бележи зголемување во патниот патнички сообраќај и воздухопловниот, а намалување во градско-приградскиот и железничкиот превоз.
Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во патниот патнички превоз бројот на превезените патници во однос на тој квартал 2016 година е зголемен за 3,3 отсто, во градско-приградскиот превоз е намален за 6,7 отсто, во железничкиот превоз за 12,3 отсто, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 16,4 отсто.
Во однос на третото тримесечје од 2017 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 9,2 отсто, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 26,7 отсто, во железничкиот превоз за 12,7 отсто, додека во воздухопловниот превоз е намален 29,9 отсто.
Во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 13,6 отсто, во железничкиот превоз за 14,3 отсто, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 11,8 отсто.
Во однос на третото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 24,2 отсто, во железничкиот превоз е зголемено за 19 отсто, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува седум отсто.
Ново на Сител
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила