-->
-->
Повеќе пари за здравствените работници
-->

Дежурствата и ноќниот труд на докторите, медицинските сестри, транспортерите, гипсерите и протетичарите од мартовската плата ќе се исплатат по нови покачени коефициенти.
Ова го соопшти вечерва Министерството за здравство по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со претседателите на Самостојниот синдикат на Клинички центар Горан Беговиќ и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.
На оние кои веќе ја примиле мартовската плата дополнително ќе им се исплати разликата.
Од Министерството за здравство наведуваат дека веќе е одвоена дополнителна сума од Буџетот на ФЗОМ, а по потпишување на договорот ќе се изврши исплатата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
