Македонија
23. August 2024 - 16:39

Повеќе пари за студентски оброк, но не и за платите на наставниците

Повеќе пари за студентски оброк, ветува министерската за образование и наука, Весна Јаневска, но не може да прецизира за колку ќе биде зголемувањето, зашто тоа ќе зависи од буџетските средства кои ќе им бидат доделени на раполагање.

-Размислуваме во тој правец и се надевам дека ќе го реализираме за студентите да бидат задоволни. , изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Во меѓувреме ќе се работи и на подобрување на условите за сместување на студентите.

- Влеговме во проект на реновирање на студентските домови за тие да имаат подобри услови за живот и учење. Факт е дека капацитетите се малку намалени, но се обидуваме тоа да го решиме со тоа што ќе ги пренасочиме дел од студентите кон употребливите ученички домови и ќе се погрижиме максимален број на студенти да добијат легло, додаде Јаневска

Во однос на тврдењето на СОНК, дека по Закон на наставниците им следува покачување на платите од 12%, Јаневска со став дека се отворени за дијалог во насока да се мотивира наставниот кадар.

- Наставниците не се депримирани само поради средствата со кои се покрива нивниот труд, има и многу други елементи кои ги вознемируваат и ги прават незадоволни. Доколку изнајдеме некое решение кое не зависи само од министерот за образование и нашите желби, доколку се отвори некакава можност, се доаѓа во предвид, но во овој момент јас таа можност не ја гледам, изјави Jаневска

Јаневска најави и стимулација на дипломираните наставници за пополнување на дефицитарниот кадар.