Повеќе од половина милион луѓе во Газа се соочуваат со глад
Повеќе од половина милион луѓе во Газа се соочуваат со глад опасна по живот, бидејќи нема доволно храна откако изби конфликтот на таа територија пред 10 недели, соопштија денеска Обединетите нации.
Главниот економист и директор за истражување, евалуација и мониторинг во Светската програма за храна на ОН, Ариф Хусеин рече дека сега „речиси сите во Газа се гладни“.
Тој предупреди дека населението може да се соочи со „кризни нивоа на глад во следните шест месеци“, доколку војната меѓу Израел и Хамас продолжи со исто темпо и ако не се отворат границите за испорака на храна.
Во извештајот објавен денеска од невладини и агенции на ОН се наведува дека меѓу 24 ноември и 7 декември, се проценува дека речиси целото население на Појасот Газа се соочува со високи нивоа на акутен недостиг на храна, а околу 576.600 се соочуваат со глад што претставува закана за животот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани