Повеќе од милион мигранти пристигнале во Европа преку море во 2015.
Повеќе од милион бегалци пристигнале во Европа преку море од почетокот на 2015 година, соопшти денеска УНХЦР.
Повеќе од 80 отсто од нив пристигнале во Грција и тоа најголем дел на островот Лезбос. Околу 844 илјади допатувале во Грција од соседна Турција.
Над 150 илјади пристигнале од Либија преку Средоземното Море во Италија.
Станува збор за најлошата мигрантска криза во Европа од Втората светска војна.
- Во очајничките обиди да стигнат во Европа, голем број мигранти и бегалци се одлучуваат за премин со небезбедни бродови и чамци, наведе УНХЦР.
Во соопштението се додава дека голем број од оние кои се обидуваат да дојдат бегаат од војни, насилство и прогон од својата татковина.
Околу 49 отсто од оние кои го минуваат Медитеранот се од Сирија, а 21 процент се од Авганистан. Бројот на загинатите или исчезнатите на море достигна 3.735.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава