-->
-->
Повеќе од 800 новозаболени во Хрватска
-->
Хрватскиот кризен штаб објави дека во последните 24 часа биле регистрирани 819 новозаболени лица на тестирани 4948 лица, а осум лица починале. Бројот на активни случаи во Хрватска е 5.164, меѓу нив хоспитализирани се 548 лица, од кои 32 пациенти се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денеска се регистрирани вкупно 25.580 случаи на Ковид-19, а 363 пациенти починале.
Вкупно закрепнале 20.053 лица, од кои 491 во последните 24 часа, додека 21.148 лица се моментално во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 39.700 лица, од кои 4.948 во последните 24 часа, соопшти хрватскиот Кризен штаб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград
-
Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени
-
Магла на неколку патни правци низ државата