Повеќе од 800 километри сообраќаен метеж во Франција
Зголемениот сообраќај поради годишните одмори денеска во Франција доведе до голем метеж, особено на патиштата кои водат кон Медитеранот и Атлантскиот Океан, каде се формираа редици во должина од околу 800 километри.
Околу пладне низ целата држава во редици стоеја автомобили во вкупна должина од 800 километри, соопштија локалните власти. На автопатот 7, кој минува низ долината на Рона, на возачите им требаа повеќе од пет часа да патуваат од Лион до Оринџ. Во спротивно, ќе им требаше час и половина, соопштија од компанијата Винчи која стопанисува со тие патишта.
Викендот на преминот од јули во август е традиционално период со голем метеж на главните патишта во Франција. Причина за тоа е заминувањето на многумина на југ и враќањето на луѓето од одмор. Годинава, пак, метежот е помал од лани кога во истиот период возачите чекаа во редици долги илјадници километри.
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир