-->
-->
Повеќе од 50.000 луѓе се погодени од поплавите во Индија
-->
Околу 50.000 луѓе во јужната држава Тамил Наду се погодени од обилни дождови и поплави, јави Радио Индија, повикувајќи се на властите и спасувачките служби.
Според нив, најголема штета е нанесена на 12 окрузи во Тамил Наду, вклучувајќи го и главниот град Ченај. Обилните дождови во саботата предизвикаа поплави и излевање на трите најголеми брани. Властите евакуираа стотици жители од погодените области. За таа цел се формирани повеќе од 150 центри за привремено сместување.
Метеоролошките служби соопштија дека во месеците септември и октомври имало рекордна количина на врнежи во Индија во последните пет години. Во овој период во земјава се регистрирани 125 екстремно поројни дождови.
Како причина за невообичаено обилните врнежи се наведуваат времетраењето на монсуните во Индија и појавата на голем број зони со низок атмосферски притисок во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25