Повеќе од 40 загинати во поплави и свлечишта во Мексико
Најмалку 41 лице загина, а 27 се водат како исчезнати по силните бури во Мексико кои предизвикаа голема материјална штета, соопштија локалните власти.
Околу 10.000 војници биле распоредени со чамци, хеликоптери и багери за расчистување на патиштата, спасување на заробените жители и доставување храна до погодените заедници. Многу села се уште се отсечени, а спасувачките екипи сè уште се борат да стигнат до нив.
Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат нови врнежи. Бидејќи почвата веќе е заситена со вода, расте ризикот од дополнителни свлечишта.
Најпогодени се источните и централните сојузни држави Веракруз, Идалго, Пуебла, Керетаро и Сан Луис Потоси. Десетици илјади домови, амбуланти, училишта, патишта и мостови се оштетени.
Најмногу жртви досега се пријавени во Веракруз и Идалго, а смртни случаи се потврдени и во Пуебла и Керетаро. Сан Луис Потоси претрпел големи материјални штети, но без човечки жртви.
Мексико се наоѓа при крајот на својата годишна сезона на дождови, која трае околу шест месеци и обично завршува на почетокот на ноември.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму
-
Трамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата
-
Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа
-
Познати стартните 11 за Милевски за вечерашниот дуел со Казахстан
-
Зеленски: Ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон в петок
-
Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа
-
Пијан гевгеличанец кој користел отсуство од затвор се обидел да ја убие поранешната партнерка
-
Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа